• понеделник, 23 декември 2024

Ботас казнет за грешка на тимот, стартува последен на спринтот во Мајами

Ботас казнет за грешка на тимот, стартува последен на спринтот во Мајами

Мајами, 4 мај 2024 (МИА) - Возачот на Заубер, Валтери Ботас, беше казнет со поместување за три позиции на почетокот на спринтот за Големата награда на Мајами поради попречување на асот на Мекларен, Оскар Пјастри за време на квалификациите за таа сесија.

Ботас беше поместен не за три, туку за две места - бидејќи се квалификуваше на 18. место, спринтот ќе го започне од последната позиција.

Поранешниот член на Вилијамс и Мерцедес не се извлече навреме од идеалниот пат на Пјастри, кој беше во брз круг.

Двајцата возачи заедно со претставниците на тимовите потоа заминале кај стјуардите, каде Заубер ја признал вината бидејќи не го известил својот возач за својот колега кој се приближувал со голема брзина.

Финецот е санкциониран поради инцидентот што се случи на стартно-целната линија и приближувањето до свиокот 1.

Спринт е на програмата од 18 часот. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан