• сабота, 13 јули 2024

Бостон и Ентони заинтересирани за потпишување договор

Бостон и Ентони заинтересирани за потпишување договор
Бостон, 6 септември 2022 (МИА) - Бостон размислува да го ангажира слободниот агент Кармело Ентони по веста за повредата на Данило Галинари. Според „The ​​Boston Globe“, страните покажуваат заеднички интерес за потпишување на договорот. - Преговорите почнуваат да добиваат на интензитет. Ентони е веројатно најдобриот играч на пазарот. Тој ја докажа својата офанзивна моќ и покрај неговата возраст,  ​​пишува колумнистот Гери Вошбурн. Италијанскиот напаѓач заработи кинење на вкрстените лигаменти на коленото и ризикува да ја пропушти целата сезона-22/23. Триесет и осумгодишниот Ентони сè уште е слободен агент. Минатата НБА-сезона со Лејкерси имаше просек од 13,3 поени и 4,2 скока по натпревар. зс/

Остани поврзан