• понеделник, 20 мај 2024

Босна и Херцеговина се приклучува на глобалната иницијатива на Соединетите Американски Држави

Босна и Херцеговина се приклучува на глобалната иницијатива на Соединетите Американски Држави
Сараево, 16 август 2022 (МИА) - На покана на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Босна и Херцеговина се приклучува на глобалната иницијатива на САД против притворање и депортација на лица на територијата на Украина кои се под контрола на Руската Федерација „Ние се придружуваме во осудувањето на активностите на таканаречената филтрациона операцијаза приведување и насилно депортирање на украински цивили во Русија. Процесот на филтрирање вклучува привремено задржување, собирање податоци, испрашување и, во некои случаи, малтретирање на притворените и се спроведува во различни привремени центри за обработка – честопати паралелно со обработката на внатрешно раселените лица и бегалците“, соопшти Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, пренесува Фена. Поради неочекуваниот украински отпор, се верува дека планот за филтрирање влијае на стотици илјади украински цивили. Од почетокот на руската инвазија во Украина, идентификувани се операции за филтрирање на најмалку 18 можни локации во источна Украина и западна Русија. „Ние сме против какво било кршење на меѓународното право, особено ако тоа е кршење на човековите права на цивилите на окупираните територии“, соопшти Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина. ссм/

Остани поврзан