• петок, 05 декември 2025

Борче Стаменов и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

Борче Стаменов и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

Скопје, 18 август 2025 (МИА) - Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Како што информираат од Министерството за култура и туризам, наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26 вгуст годинава во 11 часот (вторник) во македонското Собрание. сст/са/

Фото принтскрин 

 

 

 

Остани поврзан