Борис Џонсон отпуштен од болница
- Британскиот премиер Борис Џонсон денеска е отпуштен од болница каде што беше на интензивна нега поради коронавирус, соопшти Даунинг стрит.
Лондон, 12 април 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон денеска е отпуштен од болница каде што беше на интензивна нега поради коронавирус, соопшти Даунинг стрит.
- По совет на лекарите, премиерот нема веднаш да се врати на работа. Се заблагодарува на сите во болницата Сент Томас за интензивната нега што ја доби, изјави портпарол на Владата.
Џонсон (55) во болницата беше примен пред една недела по десет дена самоизолација за време на кои не престана да чувствува симптоми на вирусот.
Тој три дена беше на интензивна нега. паг/