• петок, 22 ноември 2024

Борисов: На никаков начин не ја туркаме земјата кон војна

Борисов: На никаков начин не ја туркаме земјата кон војна

Софија, 23 јуни 2023 (МИА) - Лидерот на бугарската владејачка партија ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска во ходниците на Народното собрание во Софија, експресно му одговори на бугарскиот претседател Румен Радев, изјавувајќи дека владата на ниту еден начин не ја турка земјата кон војна.

-Ние во никој случај не ја туркаме земјата во војна, изјави Борисов, во коментарот до Радев, кој утринава изјави дека „курсот на новата влада е да ја турка Бугарија уште поблиску до војна“.

„Немам причина да зборувам во име на Владата, можам да зборувам само во името на мојата пратеничка група. Целиот демократски свет и помага на Украина на кој и да е начин“, истакна Борисов. сд/

Остани поврзан