• сабота, 23 ноември 2024

Борисов: Земјите од Западен Балкан покажаа дека размислуваат и дејствуваат европски

Борисов: Земјите од Западен Балкан покажаа дека размислуваат и дејствуваат европски
Софија, 10 ноември 2020 (МИА) - Со потпишувањето на декларациите за Зелената агенда за земјите од Западен Балкан и за Заеднички регионален пазар, државите од регионот покажаа дека веќе размислуваат и дејствуваат европски и за екологијата и за економијата и за нелојалната конкуренција, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлински процес, што се одржува во Софија. Борисов нагласи дека пред само една година за време на бугарското претседателство со ЕУ, сите лидери од ЕУ и Балканот се обединија и заедно го потврдија патот за перспективата на целиот регион, не само на Западен Балкан. - Овие 3,3 милијарди евра плус новите девет милијарди евра даваат можност за големи инфраструктурни проекти во регионот на Западен Балкан и она што отсекогаш сме го сонувале, обединување во сите области, како што е дигитална, транспортна и културна, изјави Борисов. Со потпишувањето на декларацијата за заеднички регионален пазар, Борисов посочи дека 20 милиони луѓе од Балканот ќе може да имаат повисок стандард и како што рече, ќе може да ги задржиме да останат во регионот. аа/сп/

Остани поврзан