• четврток, 27 јуни 2024

Борисов: Гоце Делчев е симбол што ги поврзува народите на Северна Македонија и Бугарија

Борисов: Гоце Делчев е симбол што ги поврзува народите на Северна Македонија и Бугарија

Софија, 4 февруари 2023 (МИА) - Гоце Делчев е симбол на заедничката историја, кој и денес ги поврзува народите на Северна Македонија и Бугарија, објави на својот Фејсбук профил поранешниот бугарски премиер и актуелен лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов.

- Денес се навршуваат 151 година од раѓањето на големиот бугарски револуционер и македонски комита Гоце Делчев, кој го даде својот живот за ослободување и автономија на Македонија и Одринска Тракија. Гоце Делчев е симбол на заедничката историја што ги поврзува народите во Северна Македонија а Бугарија и денес, напиша Борисов. сп/бак/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан