• петок, 22 ноември 2024

Борел: Ситуацијата во Либан од ден на ден се влошува, потребен е итен прекин на огнот

Борел: Ситуацијата во Либан од ден на ден се влошува, потребен е итен прекин на огнот

Стразбур, 8 октомври 2024 (МИА) - Ситуацијата во Либан од ден на ден се влошува, изјави денеска во Европскиот парламент шефот на дипломатијата на Европската унија, Џозеф Борел и посочи дека треба што поскоро да се постигне прекин на огнот во конфликтот предводен од Израел и Хезболах во оваа земја.

Борел изјавил и дека околу 20 отсто од либанското население е принудено да се расели, пренесуваат британските медиуми.

Привремената техничка либанска Влада денеска објави дека најмалку 1,3 милиона граѓани на оваа земја, што е повеќе од една петтина од вкупното население, ги напуштиле своите домови поради засилените израелски воздушни напади.

Во текот на изминатата година, десетици илјади лица веќе беа принудени да избегаат од јужен Либан и северен Израел, поради континуираните борби меѓу Израел, Хезболах и другите антиизраелски сили.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан