• петок, 22 ноември 2024

Борел: ЕУ го осудува можниот обид за труење на Навални

Борел: ЕУ го осудува можниот обид за труење на Навални
Брисел, 24 август 2020 (МИА) – Прелиминарните резултати од испитувањата на Универзитетската болница Шарит во Берлин укажуваат дека лидерот на руската опозиција Алексеј Навални бил отруен за време на престојот во Сибир, изјави вечерва министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел. Во писмена изјава Борел потенцира дека ЕУ го осудува она што се чини дека е напад врз животот на Навални. Тој ги повика руските власти веднаш да почнат независна и транспарентна истрага за труењето на Навални. - Рускиот народ, како и меѓународната заедница, ги бараат фактите зад труењето на господинот Навални. Тие што се одговорни мора да одговараат, рече Борел. Шефот на дипломатијата на ЕУ посака брзо и целосно закрепнување на рускиот опозициски лидер, кој беше префрлен во Берлин на лекување. јт/

Тагови

Остани поврзан