• понеделник, 23 декември 2024

Борел во дводневна посета на Украина 

Борел во дводневна посета на Украина 

Брисел, 6 февруари 2024 (МИА) – Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска и утре ќе престојува во посета на Украина, соопшти Европската служба за надворешни работи. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, предвидено е Борел да се сретне со украинскиот  

претседател Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и министрите за надворешни работи и за одбрана Дмитро Кулеба и Рустем Умеров, како и да се обрати и пред пратениците во Врховната Рада. 

Борел, исто така, ќе ја посети и Советодавната мисија на ЕУ за реформи во цивилниот безбедносен сектор Украина. 

Посетата на Борел на Киев следи откако минатата ноќ Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за предлогот на Еврокомисијата за создавање на нов единствен Механизам за поддршка на опоравување, реконструкцијата и модернизацијата на Украина, со вкупен буџет од 50 милијарди евра, преку кој во исто време ќе бидат поддржувани и напорите на земјата за спроведување на реформите како дел од нејзиниот пристапен пат кон ЕУ.  сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан