• вторник, 05 ноември 2024

Борел бара 90 отсто од приходите од замрзнатиот руски имот да се искористат за купување оружје за Украина

Борел бара 90 отсто од приходите од замрзнатиот руски имот да се искористат за купување оружје за Украина

Брисел, 19 март 2024 (МИА) – Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел побара речиси целиот приход од замрзнатиот руски имот да се искористи за купување оружје за Украина.

Тој пред состанокот на министрите за надворешни работи на Европска Унија, што ќе се одржи на 21 и 22 март, изјави дека ќе предложи ЕУ да искористи 90 проценти од приходот д замрзнатиот руски имот во Европа за купување оружје за Украина преку Европскиот фонд за мир.

Додека останатите десет отсто да се порефрлат во буџетот на ЕУ, кои ќе бидат искористени за зајакнување на капацитетите на украинската одбранбена индустрија.

Колегиумот на комесари на 5 март го одобри заедничкото соопштение на Европска комисија и Борел за новата европска одбранбена индустриска стратегија (ЕДИС), која покрај заедничките набавки, предлага зголемување на капацитетот за производство на муниција и инвестирање во понатамошниот развој на таа гранка на индустријата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан