• петок, 22 ноември 2024

Бордо се жали на казната

Бордо се жали на казната

Бордо, 9 август 2024 (МИА) - Бордо се жали на одлуката на Француската фудбалска федерација да го испрати клубот во четвртата дивизија на националното првенство, соопшти тимот.

Во јули, Бордо одлучи да се откаже од својот професионален статус. Претходно клубот не и дал финансиски гаранции на Националната дирекција за управна контрола за новата сезона, поради што прогласи стечај и беше испратен во третата лига.

Бордо преговараше за продажба на клубот на американската компанија „Фенвеј спортс груп“ (ФСГ). На почетокот на август, Француската фудбалска федерација донесе административна одлука клубот да испадне во четвртата лига.

-Раководството смета дека успехот на реструктуирањето нужно бара брзо враќање во елитата на францускиот фудбал. Затоа, решивме да направиме се што е можно за да го задржиме местото во третата лига, искористувајќи го жалбениот период, сподели Бордо во соопштение.

Наскоро се очекува да се одржат рочишта во финансискиот комитет на Француската фудбалска федерација. дс

Фото: Архива

Остани поврзан