• петок, 05 декември 2025

„Борбеноста - клучен предуслов за развој на општеството“, трибина на Форум на жени на СДСМ во Крива Паланка

„Борбеноста - клучен предуслов за развој на општеството“, трибина на Форум на жени на СДСМ во Крива Паланка

Крива Паланка, 11 октомври 2025 (МИА) - Носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата во Крива Паланка - Миле Трајковски, заедно со потпретседателката на партијата - Кристина Костова, денеска во градскиот парк говореа на трибината во организација на Форумот на жени на оваа партија, насловена „Борбеноста - клучен предуслов за развој на општеството“.

Трајковски посочи дека СДСМ создава општество на еднакви можности, борбеност и визија, што се докажува и преку јасната визија за Крива Паланка што ја нудат во програмата. Како што рече, граѓаните знаат дека можат да им веруваат на зборот, бидејќи тој се остварува, за што е доказ развојот на општината во изминатите неколку години и повика на поддршка за тој развој да продолжи и во следниот период.

Костова рече дека Крива Паланка покажува дека се ценат вистинските вредности, дека се цени сѐ она што е направено и изградено досега.

- Верувам дека овде ќе се даде шанса за продолжување на тој раст и позитивен развој што општината го има сите овие години: за изградба на мост покај новиот градски пазар, за изградба на „Боемска улица“ покрај Дурачка Река, за целосна реконструкција на просторот кај старата касарна, за челична пешачка конструкција кај Бегови бавчи, за дом за во семејна заштита, изградба на колектор и многу други суштински проекти за Крива Паланка, подвлече Костова.

Според неа, граѓаните на Крива Паланка треба да ја поддржат СДСМ со што ќе ја продолжат борбата за служба на народот, наспроти оние кои работат спротивно.

- Да ја засилиме борбата против угнетувачите, во сите општествени пори, а тоа ќе се случи со силната поддршка на претстојните избори за носителот на советничката листа на СДСМ - Миле Трајковски и кандидатот за втор мандат градоначалник - Сашко Митовски, додаде Костова. ид/бд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан