• вторник, 02 јули 2024

Борачот Нуров обезбеди полуфинале на Медитеранските игри

Борачот Нуров обезбеди полуфинале на Медитеранските игри
Оран, 27 јуни 2022 (МИА) – Македонскиот претставник Магомедгаджи Нуров се пласираше во полуфиналето на турнирот во борење слободен стил на Медитеранските игри, а противник за пласман во финалето вечерва ќе му биде Мостафа Елдерс од Египет. Нуров обезбеди полуфинале со три убедливи победи со технички туш против противници од Тунис, Алжир и Шпанија. Своите настапи на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран ги завршија македонските каратисти Петар Заборски, Симона Заборска и Петар Спасеновски, откако сите тројца претрпеа порази во првото коло од Енес Гарибовиќ од Хрватска, Тамара Живковиќ од Србија и Мароканецот Набил Еч-Чаби. Владимир Егоров и Фати Вејсели, исто така, во првото коло ги загубија своите натпревари во борење слободен стил. ег/хс/

Остани поврзан