• сабота, 23 ноември 2024

Болтон ја повика Републиканската партија да ги „измие рацете од Трампизмот

Болтон ја повика Републиканската партија да ги „измие рацете од Трампизмот
Вашингтон, 12 јануари 2021 (МИА) - Поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, Џон Болтон ја повика Републиканската партија да ги „измие рацете од Трампизмот“, нагласувајќи дека тоа е „опасна историска аномалија на Републиканците“. Тој за американската телевизија МСНБЦ изјави дека Републиканската партија сè уште немала сериозен разговор за тоа како да ги „измијат рацете“ од она што го направи Трамп и како да ја надоместат штетата. - Иако мислам дека штетата е голема, мислам и дека може и треба да се санира. Тоа треба да биде најголем приоритет на партијата во иднина од ограничена перспектива, рече Болтон. Тој претходно предвидуваше дека влијанието на Трамп значително ќе опадне по немирите од минатата недела, но исто така рече дека неговите ставови за Трамп ги споделуваат многу негови врсници. Болтон го нарече Трамп „неправилност во американската политика“ и го отфрли ставот дека целата Републиканска партија е одговорна за однесувањето на Трамп. Во исто време, Болтон ги повика Републиканците да имаат построги критериуми при изборот на претседателски кандидати, за кои рече дека треба да имаат „вистински карактер и вистинска филозофија“. паг/    

Остани поврзан