• сабота, 23 ноември 2024

Бои на автомобили што најдобро кријат гребнатини и нечистотија

Бои на автомобили што најдобро кријат гребнатини и нечистотија

Лос Анџелес, 13 март 2023 (МИА) - Најпосакуваните бои на автомобил, кај возачите низ целиот свет, најчесто се нијансите на бело, сиво или црно. Сепак, според списанието „ХАК“, кога се одлучува за боја, освен естетиката, има и некои други фактори битни за изборот на секојдневно превозно средство.

Неодамнешен извештај за боите на новите автомобили, објавен од производителот на бои „Агзалта пејнт“ (Axalta paint), меѓу другото, говори за боите коишто најдобро кријат гребнатинки на возилата, и за боите што веднаш „ги откриваат“ недостатоците.

Во таа смисла, белата и светлите бои имаат предност, бидејќи подобро ги кријат гребнатините дење, како и нечистотијата што се насобрала на возилото. Од другата страна на спектарот се црната и потемните бои. Сите дамки и гребнатинки во тој случај ќе бидат позабележливи и ќе треба почесто миење на автомобилот, полирање, преправки, „шминка“ и слични зафати.  си/ссм/

Остани поврзан