• сабота, 18 мај 2024

Бозе: Фудбалер од 100 милиони евра треба да игра, а Хаверц не игра, не разбирам како Лампард сака да го користи

Бозе: Фудбалер од 100 милиони евра треба да игра, а Хаверц не игра, не разбирам како Лампард сака да го користи
Леверкузен, 8 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Баер, Питер Бозе зборуваше за тешкото адаптирање на екс-играчот за врска Каи Хаверц во Челси и Премиер лигата. - Разбирам зошто Челзи го донесе, но не разбирам како Френк Лампард сака да го користи кога го остава на клупата за резерви. Тој многу добро се изјаснува за него во медиумите. Но, на крајот, мора да придонесете, да постигнувате и да создавате голови. Фудбалер од 100 милиони евра мора да игра, а Хаверц не добива можност. Хаверц играше за Баер Леверкузен од 2016 година. Тој се приклучи на Челзи во септември 2020 година. Оваа сезона Германецот постигна еден гол и направи две асистенции на 15 натпревари во Премиер лигата. зс/

Остани поврзан