• петок, 22 ноември 2024

Божикните празнувања во бигорската Обител со строго запазување на предвидениот протокол за заштита од КОВИД-19 

Божикните празнувања во бигорската Обител со строго запазување на предвидениот протокол за заштита од КОВИД-19 

Дебар, 4 јануари 2022 (МИА) - Свештената бигорска Обител објави соопштение за божикните празнувања, преку кое верниците се известуваат за редоследот на богослужбите, како и неопходното почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.  

На 6-ти јанаури, ден Бадник, во 6:30 часот ќе биде отслужена Утрена богослужба со Царски часови, вечерна со Василиева Литургија, додека од 19:30 до 21 часот ќе има бадникова закуска со пеење на божикни каланди.  

Вечерта, спроти Христовото раѓање, од 22:30 до 5 часот ќе има  сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово. 

Како што информраат од бигоската Обител, на божикните празнични богослужби можат да присуствуваат сите кои имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во оваа свештена Обител.  

-Известуваме  дека поради постојната пандемија на КОВИД-19, а согласно мерките и препораките на министерството за здравство, како и на Светиот срхиерејски синод на МПЦ-ОА, Христовото рождество во Свештената бигорска Обител, ќе се празнува со строго запазување на предвидениот протокол за заштита, односно со држење на соодветно растојание, носење на заштитни маски. Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител, стои во соопштението. вт/дма/

Остани поврзан