• петок, 22 ноември 2024

Божикна забава за децата од здружението за церебрална парализа од Велес

Божикна забава за децата од здружението за церебрална парализа од Велес

Велес,7 јануари 2022 (МИА) - Митрополитот повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на денешната  божикна литургија во црквата Св Кирил  и Метoдиј и оваа година во црковната трпезарија организираше божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Тој го благослови овој собир и на  сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им подели пакетчиња.

Оваа средба е традиционално божикно дружење со овие деца и млади и нивните родители, а е во рамките на долгогодишата соработка на Повардарската епархија и здружението на лица со церебрална парализа од Велес.

Забавата беше збогатена со настап на децата од црковниот хор „Св Кирил и Методиј“.

Оваа година на забавата присуствуваа и градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, и пратеникот Игор Здравковски.ад/са/

Остани поврзан