• понеделник, 23 декември 2024

Богиќ Богиќевиќ едногласно избран за градоначалник на Сараево

Богиќ Богиќевиќ едногласно избран за градоначалник на Сараево
Сараево, 26 март 2021 (МИА) - Богиќ Богиќевиќ е едногласно избран за  градоначалник на Сараево на денешната седница на Градскиот совет на Град Сараево. Тој беше кандидат на Социјадемократската партија на Босна и Херцеговина (СДП БиХ) и е 39 градоначалник на Сараево. Богиќевиќ од 1988 до 1991 година беше член на претседателството на СФРЈ од БиХ и учесник на седницата на претседателството на поранешна СФРЈ, кога со својот глас ја спречи ЈНА да изведе воен удар. За време на опсадата (од 5 април 1992 до 29 февруари 1996 година) Богиќевиќ живеше и работеше во Сараево. Тој беше член на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, потпретседател на СДП БиХ и претседател на Олимпискиот комитет на БиХ. Богиќевиќ е добитник на повеќе награди, меѓу кои и Шестоаприлска награда на Град Сараево. ми/

Остани поврзан