• недела, 22 декември 2024

Богиќевиќ: Мојата одлука за повлекување на кандидатурата е неотповиклива

Богиќевиќ: Мојата одлука за повлекување на кандидатурата е неотповиклива
Сараево, 26 март 2021 (МИА) - Богиќ Богиќевиќ вечерва испрати писмо до новоизбраниот претседател на Градскиот совет на Град Сараево, Јасмин Адемовиќ, во кое наведува дека не се откажува од повлекување на својата кандидатура за градоначалник на главниот град на Босна и Херцеговина и оти денешното гласање биле безпредметно. - Пред два дена јавно и неотповиклови ја повлеков својата кандидатура и за тоа го известив предлагачот и јавноста. Неотповикливото повлекување значи и конечна одлука, за која понатаму не може да се разговара. Значи не се согласив да останам кандидат, па поради тоа не сум можел да бидам избран. Многу е некоректно што на денешната седница не е спомнато моето неотповикливо повлекување на кандидатурата, се наведува во писмото на Богиќевиќ. Тој пред два дена се откажа од градоначалничката кандидатура откако неговиот избор беше доведен во прашање со распадот на коалицијата „Четворка“. Богиќевиќ денеска едногласно беше избран за градоначалник на Сараево на седница на Градскиот совет на Град Сараево. Тој беше кандидат на Социјадемократската партија на Босна и Херцеговина (СДП БиХ). Богиќевиќ од 1988 до 1991 година беше член на претседателството на СФРЈ од БиХ и учесник на седницата на претседателството на поранешна СФРЈ, кога со својот глас ја спречи ЈНА да изведе воен удар. За време на опсадата (од 5 април 1992 до 29 февруари 1996 година) Богиќевиќ живеше и работеше во Сараево. Тој беше член на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, потпретседател на СДП БиХ и претседател на Олимпискиот комитет на БиХ. Богиќевиќ е добитник на повеќе награди, меѓу кои и Шестоаприлска награда на Град Сараево. ми/

Остани поврзан