• вторник, 27 август 2024

Богдановиќ, Шариќ, Зубац дел од учесниците на натпревар во спомен на Дражен Петровиќ

Богдановиќ, Шариќ, Зубац дел од учесниците на натпревар во спомен на Дражен Петровиќ

Загреб, 26 август 2024 (МИА) - Меморијалниот натпревар за Дражен Петровиќ ќе се одигра во Загреб на 5 септември. На ревијалниот натпревар ќе настапат екипи составени од хрватски и европски ѕвезди. Селектор на европската селекција ќе биде Жељко Обрадовиќ.

Меѓу учесниците на натпреварот се и кошаркарите од НБА, Бојан Богдановиќ (Бруклин), Дарио Шариќ (Денвер) и Ивица Зубац (Клиперс).

На терен ќе излезат и пензионираните Дамјан Рудеж и Гордан Гиричек.

Натпреварот се одржува во чест на двократниот европски шампион и неговиот придонес во кошарката.

Петровиќ загина во сообраќајна несреќа на 7 јуни 1993 година на 28-годишна возраст. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан