Богатата наследничка на династијата Шинаватра избрана за нова премиерка на Тајланд
- Шефицата на владејачката партија на Тајланд, Феј Таи, Паетонгтарн Шинаватра денеска беше избрана за премиерка на вонредната седница на парламентот, само два дена по разрешувањето на Сретта Тависин од страна на тајландскиот Уставен суд, јави ДПА.
Бангкок, 16 август 2024 (МИА) - Шефицата на владејачката партија на Тајланд, Феј Таи, Паетонгтарн Шинаватра денеска беше избрана за премиерка на вонредната седница на парламентот, само два дена по разрешувањето на Сретта Тависин од страна на тајландскиот Уставен суд, јави ДПА.
Паетонгтарн, која победи на гласањето во парламентот денеска наутро со јасно мнозинство, станува втората жена премиер во земјата.
Триесет и седумгодишната е ќерка на поранешниот премиер Таксин Шинаватра и внука на поранешната премиерка Јинглук Шинаватра. И двајцата беа на власт неколку години, но потоа беа соборени со воени удари и заминаа во егзил.
Сретта (62) беше сменет во средата по помалку од една година на функцијата, по правна постапка на 40 сенатори. Тие го обвинија дека го назначил Пичит Чуенбан за министер во спротивност со правилата, кои спречуваат назначувања на лица со криминално досие. Судот пресуди во корист на сенаторите, наведува германската агенција. мс/
фото: Википедија