• петок, 22 ноември 2024

Бобан не сака да биде претседател на УЕФА

Бобан не сака да биде претседател на УЕФА


Женева, 12 септември 2024 (МИА) – Легендарниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан изјави денеска дека не сака да биде претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Бобан рече дека за тоа е потребен „вистински човек од фудбалот“, а не „технократи кои мислат дека се поголеми од фудбалот“.
Поранешниот хрватски репрезентативец и играч на Милан на крајот на јануари поднесе оставка од функцијата фудбалски директор на УЕФА во знак на протест поради намерата на претседателот Александар Чеферин да го смени статутот, со што ќе му овозможи подолго да остане на функцијата.
Чеферин го нарече Бобан „кловн“ на конгресот на УЕФА во февруари, а неговите сојузници тврдеа дека Бобан сака да го преземе раководството на УЕФА, што легендарниот хрватски фудбалер го негираше во изјава за италијанскиот весник Газета дело Спорт.
„Тоа не ме интересира. Но, навистина се потребни вистински фудбалски луѓе во УЕФА. Во таа смисла, и ова го кажувам со горчина, бидејќи пред тоа се борев за промени во УЕФА, како и во ФИФА, а ништо од тоа не од лична корист“, рече Бобан. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан