• четврток, 19 декември 2024

Блуши до амбасадорката Ким: Заканите до СПАК доаѓаат од Рама, а не од Мета  

Блуши до амбасадорката Ким: Заканите до СПАК доаѓаат од Рама, а не од Мета  

Тирана, 24 август 2022 (МИА) - По силната реакција на американската амбасадорка, Јури Ким, до поранешниот албански претседател, следуваше реакција преку Теди Блуши, генерален секретар на Партијата на слободата, чиј лидер е Мета, јави дописничката на МИА од Тирана. 

Тој  и порачува на амбасадорката дека „заканите до Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал, СПАК, за реформите во правосудството доаѓаат од премиерот Рама, а не од Мета и Партијата на слободата“. 

- Ги поддржуваме сите повици кои ги осудуваат нападите и политички притисоци на Еди Рама кон СПАК и правдата. Партијата на слободата е решена секојдневно да му помага и да го охрабрува СПАК, како што и прави, снабдувајќи го со непобитни докази и оригинални документи кои ги докажуваат страшните кражби на Еди Рама и неговата банда, главно преку аферата со инценаторите, наведува Блуши.  

Тој вели дека Партијата на слободата трпеливо чека СПАК без одлагање да постапи по кривичната пријава и даночните злоупотребувачи на Албанците веднаш да ја добијат заслужената и долгоочекувана казна од албанскиот народ. 

 - Го повикуваме Еди Рама да се откаже од обидите СПАК да биде играчка на СП, како што тоа го кажа на партискиот конгрес на 9 мај кога меѓу другото рече дека СПАК не би постоел доколку оваа партија не постоеше. Ваквите закани и уцени од партијата-држава сериозно го компромитираат функционирањето на независната правда, заклучува Блуши. 

Амбасадорката Ким по реакцијата на Мета, во која првиот човек на СПАК Арбен Краја, го етикетира како „партиски слуга (потрчко)“ во објава на напиша дека „заканите кон судиите и обвинителите и обидот за нарушување на реформите во правосудството не може да се прифатат како нормални во земја кандидат за ЕУ и членка на НАТО“, додавајќи дека „ова покажува дека никој не е над законот“. вт/паг/ 

 

Остани поврзан