• вторник, 05 ноември 2024

Блумберг: И покрај санкциите, извозот на руска нафта расте

Блумберг: И покрај санкциите, извозот на руска нафта расте

Њујорк, 2 април 2024 (МИА) - И покрај острите западни санкции, извозот на руска нафта по морски пат во последната недела од март скокна на највисоко ниво оваа година, пренесува Блумберг.

Генерално, просечниот обем на понуда во првиот квартал беше блиску до нивото што Русија им го вети на партнерите „ОПЕК плус“.

Минатонеделниот пораст на извозот дојде поради слабеењето на силните ветрови, кои во последните неколку недели постојано го нарушуваа товарењето на главното руско пристаниште во Пацификот.

Иако бурите продолжуваат да влијаат на испораките на нафта во последните четири недели, нивното влијание се намалува.

Овој пораст на залихите помогна да се зголемат приходите на Москва од нафта, и покрај програмата за санкции дизајнирана да ја ограничи способноста на Кремљ да финансира воена акција во конфликтот во Украина.

Русија претходно соопшти дека ќе го намали извозот на сурова нафта во првиот квартал на 2024 година за 300.000 барели дневно, како дел од пошироката иницијатива на „ОПЕК плус“ за спречување на вишоци и поддршка на цените на нафтата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан