• среда, 17 јули 2024

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

Скопје, 7 април 2023 (МИА) - АМСМ соопшти дека е блокиран и се пренасочува сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан