• четврток, 19 декември 2024

Блокиран аеродромот во Лисабон поради штрајк на носачите на багаж

Блокиран аеродромот во Лисабон поради штрајк на носачите на багаж
Лисабон, 17 јули 2021 (МИА) - Одложени или откажани се летовите на португалската авиокомпанија ТАП Ер од аеродромот во Лисабон поради штрајк на вработените во компанијата за транспорт на багаж „Гаундфорс“. Вработените протестираат поради доцнење на нивните плати. Речиси стотина летови од и за Лисабон се откажани поради 48-часовниот штрајк на вработените во „Гаундфорс“. Засега штрајкот не влијае брз работата на аеродромите во другите португалски градови. ми/

Остани поврзан