• понеделник, 23 декември 2024

Блинкен: Ќе носиме одлуки согласно украинските потреби

Блинкен: Ќе носиме одлуки согласно украинските потреби

Вашингтон, 8 февруари 2023 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен одговори на прашањето дали Вашингтон ќе биде подготвен да му обезбеди борбени авиони на Киев.

Тој најави дека САД „ќе продолжат да носат одлуки за тоа што и треба на Украина и што може најефективно да се искористи“.

- Она што е од витално значење не е само одреден вооружен систем или дел од опрема. Подеднакво важна е способноста на Украинците тоа ефективно да го користат, рече Блинкен на прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. jт/

Остани поврзан