• недела, 22 декември 2024

Блинкен: Украина мора да донесе тешки одлуки за мобилизацијата

Блинкен: Украина мора да донесе тешки одлуки за мобилизацијата

Брисел, 4 декември 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика Украина да одлучи за дополнителна воена мобилизација за потребите на борбата против руската инвазија, пренесоа британските медиуми.

-Украина мора да донесе тешки одлуки за дополнителна мобилизација, но тоа се неопходни одлуки, изјави денеска Блинкен по завршувањето на дводневниот состанок со министрите за надворешни работи на земјите од НАТО во Брисел.

Американскиот секретар тврди дека „ова е клучно затоа што дури и со пари, дури и со муниција, мора да има луѓе на линијата на фронтот за да се справат со руската агресија“.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан