• петок, 22 ноември 2024

Блинкен со осуда за акциите на Владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на север во државата

Блинкен со осуда за акциите на Владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на север во државата

Вашингтон, 26 мај 2023 (МИА) - САД силно ги осудуваат дејствијата на Владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на северот на Косово, дејствија што ги презедоа против советите на САД и европските партнери на Косово. Тоа се нагласува во пораката на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Тие акции остро и непотребно ги ескалираа тензиите, поткопувајќи ги нашите напори да помогнеме во нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и ќе имаат последици за нашите билатерални односи со Косово. Го повикуваме премиерот Албин Курти да го смени курсот и сите страни да се воздржат од какви било понатамошни дејства што ќе ги разгорат тензиите и ќе промовираат конфликти“.зш/

Остани поврзан