• недела, 22 декември 2024

Блинкен: Секоја земја членка на ОН треба да каже на Москва: Доста е

Блинкен: Секоја земја членка на ОН треба да каже на Москва: Доста е

 

Вашингтон, 3 август 2023 (МИА) Државниот секретар на САД Ентони Бајден ги повика сите земји од ОН да побараат од Москва да запре да ги користи како уцена проблемите со експортот на жито од украинските пристаништа. 

-Секоја земја членка на ОН треба да каже на Москва: Доста е, изјави Блинкен кој денеска претседателствуваше со заседание на Советот за безбедност на ОН посветено на гладот и отсуството на безбедност во снабдувањето со храна како резултат на конфликти. 

-Доста е со користењето на Црното Море со цел уцена. Доста е со користење на најранливиот слој на населението како полуга за притисок. Доста за таа неправедна, бесмислена војна, изјави Блинкен во обраќање до членовите на СБ на ОН. 

Тој кажа дека околу 90 земји го подржале краткото коминике на САД во кое тие се обврзуваат „да преземат мерки за да се стави крај на користењето на храната како оружје на војната и  гладот на граѓанските лица како тактика за водење војна“. 

По излегувањето од Црноморскиот договор за жито Русија започна со напади на украинските пристаништа и житната инфраструктура во Црнто Море и на реката Дунав, што приднесе кон нагло зголемување на цените на житото. 

Русија тврди дека ограничените начини на исплата, логистиката и осигурувањето се пречки за нејзиниот земјоделски извоз. 

-Всушност испораките на прехранбени производи и ѓубриво не се санкционирани. И додека Русија се откажа од таа иницијатива, експортираше големи количини жито по цени многу повисоки од кога и да било, изјави Блинкен. 

Додаде дека САД ќе доделат 362 милиони долари финансирање за „зголемена одржливост“ и „борба со факторите кои предизвикуваат отсуство на безбедноснт во снабдувањето со храна во 11 африкански земји и Хаити“.  

Покрај тоа во официјалниа изјава усвоена денеска СБ истакна дека “одлучно го осудува користењето на гладот на граѓанското население како метод за водење вона, што е забрането со меѓународното хуманитарно право“. кб/ 

Остани поврзан