• петок, 02 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Блинкен пристигна во Израел

Блинкен пристигна во Израел

Тел Авив, 12 октомври 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во Израел, пренесуваат британските медиуми.

Блинкен долета во Израел за да изрази поддршката на САД за својот долгогодишен американски сојузник на Блискиот Исток. 

За време на неговата посета се очекува да се сретне со високи израелски претставници.

Утринава беше најавено и дека државниот секретар ќе се сретне и со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој, да потсетиме, се наоѓа на Западниот Брег и е политички ривал на Хамас во Појасот Газа. сд/

фото:Скришот Х

Остани поврзан