• понеделник, 23 декември 2024

Блинкен: Пентагон одобри нов пакет воена помош за Украина вреден 325 милиони долари

Блинкен: Пентагон одобри нов пакет воена помош за Украина вреден 325 милиони долари

Вашингтон, 13 јуни 2023 (МИА) - Пентагон обезбеди нов пакет воена помош за Украина во вкупна вредност од 325 милиони долари, што ќе вклучува широк опсег на проектили, гранати и друга муниција наменета за зајакнување на контраофанзивата на украинските сили против Русија, јавија американските медиуми, цитирајќи изјава на Стејт департментот.

Помошта ќе вклучува проектили што се сметаат за критични за системите за воздушна одбрана на Украина - Националниот напреден ракетен систем земја-воздух (NASAM) и системите ХИМАРС, како и Стингер и Џавелин, како и повеќе од дваесетина оклопни борбени возила „Бредли“ и „Страјкер“. 

Новиот пакет ќе вклучува и милиони парчиња муниција за мало оружје и гранати, резервни делови, комуникациска опрема и опрема за разурнување. 

Во одобрениот пакет се планирани и средства за обука на украинската војска.

Помошта доаѓа откако Украина ги засили нападите долж линијата на фронтот долга 1.000 километри во почетната фаза на нејзината контраофанзива против руските сили.

Со денеска соопштената воена помош, САД од почетокот на руската инвазија врз Украина веќе обезбедија или ќе обезбедат речиси 40 милијарди долари во оружје и друга опрема за Украина.

-САД продолжуваат да стојат зад Украина, чија континуирана храброст и солидарност го инспирира светот, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен. сд/

Остани поврзан