Блинкен: Нападите врз американските војници во Ирак се „целосно неприфатливи“
- „Јасно кажав дека нападите или заканите кои доаѓаат од милициите кои се усогласени со Иран се целосно неприфатливи. И ние ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да го заштитиме нашиот народ“, рече Блинкен.
Багдад, 5 ноември 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ги осуди нападите врз американските војници во Ирак за време на ненадејната посета на Багдад за да разговара за ризиците од ескалација на конфликтот меѓу Израел со Хамас.
„Јасно кажав дека нападите или заканите кои доаѓаат од милициите кои се усогласени со Иран се целосно неприфатливи. И ние ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да го заштитиме нашиот народ“, рече Блинкен.
По посетата на Западниот Брег, шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, денеска престојува во ненадејна посета на Багдад, каде што со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани разговара за ризиците од продолжување на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.
Посетата на Блинкен на Ирак, најавена од кабинетот на ирачкиот премиер, не беше однапред најавена од безбедносни причини. Тоа доаѓа во време кога од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, што почна на 7 октомври со напад на Хамас на израелска територија, ракетни и беспилотни летала се насочени против ирачките бази каде што се стационирани американски војници и војници од меѓународната антиџихадистичка коалиција.
Вашингтон го обвинува Иран дека е вклучен во тие напади, чија цел се и американските војници во соседна Сирија. Повеќето од нападите беа од групата наречена Исламски отпор во Ирак. зш/
фото ЕПА