• петок, 22 ноември 2024

Блинкен и Ванг разговарале за војната во Украина и за односите меѓу САД и Кина

Блинкен и Ванг разговарале за војната во Украина и за односите меѓу САД и Кина
Вашингтон, 31 октомври 2022 (МИА) - Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во текот на вчерашниот ден телефонски разговарал со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Тие разговарале за војната на Русија против Украина и заканите што таа ги создава за глобалната безбедност и економската стабилност. Според соопштението на Стејт департментот, се разговарало и за потребата од одржување на отворени линии на комуникација и од одговорно управување со односите меѓу САД и Кина. бд/зш/

Остани поврзан