• понеделник, 23 декември 2024

Блинкен „длабоко загрижен“ поради руското апсење на американски новинар

Блинкен „длабоко загрижен“ поради руското апсење на американски новинар

Вашингтон, 30 март 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека е „длабоко загрижен“ од руското апсење на американски новинар и ги осуди напорите на Москва да ги „казни“ медиумите.

„Длабоко сме загрижени поради широко објавеното притворање на американски државјанин - новинар во Русија“, рече Блинкен во изјавата, мислејќи на новинарот на „Вол Стрит Журнал“, Еван Гершкович.

САД генерално избегнуваат да ги именуваат државјаните уапсени во странство без да добијат формална дозвола од нивните семејства. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан