• понеделник, 23 декември 2024

Блинкен денеска патува за Блискиот Исток

Блинкен денеска патува за Блискиот Исток

Вашингтон, 4 јануари 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе го посети Блискиот Исток, вклучувајќи го и Израел, во време на засилени дипломатски консултации фокусирани на конфликтот меѓу израелската армија и Хамас во Појасот Газа, изјави неименуван американски извор.

Според истиот извор, што синоќа даде изјава во Вашингтон, заедно со Блинкен во посетата на Блискиот Исток ќе биде и американскиот дипломатски пратеник Амос Хохштајн, пренесуваат британските медиуми.

Неименуваниот американски претставник изјави дека Блинкен на Блискиот Исток заминува вечерва „застанувајќи во неколку големи градови, вклучувајќи го и Израел“.

Во последните неколку дена американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обид да се подобри испораката на хуманитарна помош за населението во Газа и да се постигне ослободување на заложниците кои ги држи Хамас. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан