Блан потпиша за Ал-Итихад
- Францускиот фудбалски стручњак Лоран Блан е нов тренер на Ал-Итихад, објавено е на официјалниот сајт на саудискиот клуб.
![Блан потпиша за Ал-Итихад](https://new.mia.mk/images/20240713153622_big_730x400_70.webp )
Џеда, 13 јули 2024 (МИА) - Францускиот фудбалски стручњак Лоран Блан е нов тренер на Ал-Итихад, објавено е на официјалниот сајт на саудискиот клуб.
Договорот со 58-годишниот фудбалски стручњак е до летото 2026 година, со можност за продолжување на уште една сезона.
Последната работа на Блан беше Лион, каде што беше на чело од октомври 2022 до септември 2023 година. зс/
Фото: ЕПА