• недела, 22 декември 2024

Блажевска: Ако го нема Металург другите клубови ќе нема од каде да грабаат играчи

Блажевска: Ако го нема Металург другите клубови ќе нема од каде да грабаат играчи
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) – Претседателката на Ракометниот клуб Металург, Зорица Блажевска денес побара поддршка од сите надлежни институции за спортот во државата да им излезат во пресрет да се надмине сегашната тешка ситуација. Металург вчера беше суспендиран од домашната Суперлига, а претходно и од еврокуповите поради долгувања кон Александар Шпенде и Зоран Кастратовиќ - Металург е еден вид инкубатор на млади ракометари и сите треба да се свесни дека ако го нема нашиот клуб, ќе нема од каде да грабаат играчи. Ќе побараме од Ракометната федерација на Македонија да ги одиграме трите заостанати натпревари на крајот на месецот кога ќе можеме да ги сервисираме долговите, бидејќи тогаш ќе имаме средства од ваучерот што го доделува Агенцијата за млади и спорт. Во спротивно, ако не исфрлат од Суперлигата, тоа не значи згаснување на клубот и ќе ги разочарам сите што мислат дека ќе може да ја добијат салата и ќе ги грабнат играчите. Металург и при такво црно сценарио ќе продолжи да постои, а најголемите губитници ќе бидат луѓето кои имаат побарувања во моментов од тој Металург, Металург АД, рече Блажевска на денешната прес-конференција. Таа смета дека поранешниот тренер Зоран Кастратовиќ некоректно бара седум плати и покрај тоа што самоволно го раскинал договорот со клубот и си заминал. Блажевска се надева на поддршка Ракометната федерација на Македонија и верува дека ситуацијата ќе се реши со позитивен исход. Според Блажевска долговите поради кои поранешниот македонски шампион е доведен до ваква ситуација се околу 90 илјади евра, а од ваучерот очекуваат да инкасираат околу 250 илјади евра, плус најавена им е и финансиска помош од општина Гази Баба. зс/

Остани поврзан