• понеделник, 23 декември 2024

БиХ по анализа во рок од 30 дена ќе одлучи дали ќе пристапи на „мини Шенген“

БиХ по анализа во рок од 30 дена ќе одлучи дали ќе пристапи на „мини Шенген“
Белград, 17 септември 2020 (МИА) – На денешната вонредна седница на Претседателството на БиХ во Сараево, Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ и Милорад Додик, го разгледуваа предлогот за приклучување на Босна и Херцеговина на иницијативата „мал Шенген“, по што е решено овој предлог да се испрати до Советот на министри на БиХ на разгледување. Како што јави дописникот на МИА од Белград, иницијативата за пристапување на БиХ на „мал Шенген“ беше иницирана од српскиот член на Претседателството, Милорад Додик. - Го задолживме Советот на министри на БиХ (Владата) да направи анализа на сите договори што БиХ ги има со ЕУ и во регионот, да направи анализа што значи тоа за БиХ, кои се штетите, придобивките и можните опасности. Таа анализа ќе биде поднесена во рок од 30 дена до денес. Г-дин Додик предложи веќе денес да се приклучиме на мини Шенген, но тоа не го усвоивме. Побаравме целосна анализа и на крајот тоа е едногласна одлука на сите тројца членови на Претседателството на БиХ, изјави Џаферовиќ. На седницата на предлог на Комшиќ гласано е и за признавањето на Косово од страна на БиХ, што не беше усвоено поради противењето на третиот член на Претседателството, Милорад Додик. И барањето на Милорад Додик за преместување на Амбасадата на Босна и Херцеговина од Тел Авив во Ерусалим не беше усвоена. об/

Остани поврзан