• понеделник, 23 декември 2024

Битолската „Пајак-служба“ од ЈП „Комуналец“ во надлежност на ЈП „Паркинзи“ - Битола

Битолската „Пајак-служба“ од ЈП „Комуналец“ во надлежност на ЈП „Паркинзи“ - Битола

Битола, 5 ноември 2020 (МИА) - Советот на Општина Битола донесе одлука со која надлежностите за подигнување на непрописно паркирани возила во градот кои се вршат со т.н. „Пајак-служба“ се пренесуваат од ЈП „Комуналец“ на ЈП „Паркинзи“ - Битола.

За реализација на одлуката ЈП „Комуналец“ без надомест го отстапи специјалното товарно возило „пајак“ на локалното претпријатие кое освен за отворените и затворените паркинзи во градот, од 1 ноември ќе има организирана т.н. „пајак-служба“.

ЈП „Паркинзи“ - Битола утврди и нови цени за подигнување и пренесување непрописно паркирани возила и возила кои го попречуваат безбедното одвивање на сообраќајот. Согласно одлуката сега за подигнување на непрописно паркирано возило и пренос на возило во депо на пајак служба ќе изнесува 1.600 денари, подигање на возило од зелена површина и пренос до депо ќе чини 2.000 денари, почнување постапка на подигнување на непрописно паркирано возило кога сопственикот се појавува на местото каде возилото е паркирано ќе се наплаќа по 1.000 денари, а чувањето на возило во депото на службата ќе се наплаќа по 200 денари по ден, односно по 500 денари дневно за подигнати камион, автобус или комбе наменето за превоз на патници. мт/фф/

Остани поврзан