Биткоинот достигна рекордни 25.005 долари
- Вредноста на биткоинот денеска се зголеми за шест проценти и го достигна рекордниот максимум од 25.005 долари
Њујорк, 26 декември 2020 (МИА) - Вредноста на биткоинот денеска се зголеми за шест проценти и го достигна рекордниот максимум од 25.005 долари.
Вредноста на најпознатата криптовалута за време на пандемијата со Ковид-19 изненадувачки се зголеми.
Од март кога еден биткоин вредеше 5.000 долари до денес вредноста на биткоинот се зголеми за 400 отсто. ми/