• петок, 22 ноември 2024

Битиќи: Основниот принцип на влегување во една влада треба да биде чесноста и личниот интегритет

Битиќи: Основниот принцип на влегување во една влада треба да биде чесноста и личниот интегритет
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Во принцип, јас од почетокот, дури од кога ми беше дадена обврската, некаде август 2020 година, кажав дека основниот принцип на влегување во една влада треба да биде чесноста, интегритетот личен на секој еден поединец и сметам дека во новиот состав на владата имаме старо-нови лица кои ги имаат овие особини, личниот идентитет и мотивацијата да променат, суштински да се нафатат на проблемите и да испорачаат одредени резултати, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. На своето гостување во „Утрински Брифинг“ Битиќи истакна дека на овие процеси гледа на поразличен начин затоа што во политиката влегува доцна во неговата кариера. - Ги гледам од менаџмент аспект, секој нов лик во еден состав во една организација, носи нова енергија за промена и сметам дека е таа нужна во одреден период, посочи тој. Битиќи смета дека луѓето кои се одбрани да водат одредени министерства се зафатени да испорачаат одредени резултати. - Ние треба да признаеме дека сме сосема различни од 2016 година, во сите демократски процеси, основните начела на демократијата, ние сме далеку подобри отколку што сме биле во 2016 година и тоа е еден од фактите кој што е неспорен. Слобода на израз, транспарентност, отчетност, некои работи што беа табу во 2016 се работи кои се случуваат и никој не ги дискутира, истакна Битиќи. Тој дополни дека оваа Влада се залага за структурни промени и ургентни работи кои се приоритет во следниот период. ар/дма/

Остани поврзан