• сабота, 23 ноември 2024

Битиќи за неделава најави детали околу арбитражните постапки кои државата може да ја чинат над милијарда евра

Битиќи за неделава најави детали околу арбитражните постапки кои државата може да ја чинат над милијарда евра

Скопје, 3 јули 2023 (МИА) - Во јавноста веќе треба јасно да се каже зошто се покренуваат арбитражни постапки и која е одговорноста на тие што дозволиле да се доведеме во ситуација да завршиме со толкави големи спорови пред арбитражните судови, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој за оваа недела најави средба со медиумите на која, како што истакна, детално ќе биде објаснето се околу наведеното во најновиот Извештај од Државниот завод за ревизија (ДЗР).

-Го чекавме Извештајот од Државниот завод за ревизија (ДЗР) и неделава ќе имаме брифинг со новинарите на кој детално ќе објасниме. По соодветна процедура на тело поставено во 2018 година, за жал, државата морала да постапи по арбитражни спорови за да не ги изгуби без никаква одбрана. Има различни компании кои се избрани, реномирани компании, има позитивни предмети во кои се веќе добиени арбитражни спорови и првите средства се легнати на сметка на Буџетот. На брифингот ќе информирам кои се следните чекори. Тоа што го пишува во Извештајот на ДЗР мислам дека во јавноста веќе треба јасно да се покренат информации зошто се покренуваат арбитражни постапки и која е одговорноста на тие што дозволиле да се доведеме во ситуација да завршиме со толкави големи спорови пред арбитражните судови во кои, секако, како држава сме ги потпишале, нагласи Битиќи, одговорајжи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Нехо Исни“- ДООЕЛ Скопје.

Во Извештајот што го објави ДЗР на 30 јуни годинава се наведува дека ако државава ги изгуби арбитражните постапки по склучените и ратификувани меѓународни договори, ќе треба да плати над една милијарда евра. мч/нд/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан