• понеделник, 23 декември 2024

Бислимоски: EСМ електронски да им ги испраќа новите договори на потрошувачите

Бислимоски: EСМ електронски да им ги испраќа новите договори на потрошувачите
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - ЕСМ има законска обврска да потпише договори со своите потрошувачи бидејќи повеќе не е БЕГ снабдување, туку е ЕСМ снабдување, и овој проблем е веќе надминат, посочи вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. - Договорите потрошувачите во наредниот период ќе ги добијат и во сметките кои ќе им бидат испратени на почетокот на ноември за октомври. Таму каде што постои можност ќе се испратат тие договори и по и-мејл, така што тој проблем е сега целосно надминат. Да не се прави дополнително гужва на пунктовите. И претходно кога БЕГ снабдување ја презел дејноста потпишал договори со граѓаните и нема никаква опасност дека некој граѓанин ќе биде исклучен, посочи Бислимоски во гостувањето на ТВ Сител. дма/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан