• петок, 22 ноември 2024

Бислимоски: Секретаријатот на ЕЗ треба да даде зелено светло за државна помош за енергетски проекти кај нас

Бислимоски: Секретаријатот на ЕЗ треба да даде зелено светло за државна помош за енергетски проекти кај нас

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Во време на енергетската криза не спасуваше ТЕЦ Неготино и блоковите во РЕК Битола што се стари 40 години и струја даваше ТЕ-ТО по насока од Влада за пониски цени. Нас ни се неопходни нови инвестиции за да ја обезбедиме енергетската независност, а со стратешките проекти на краток рок ефикасно ќе се реализираат неопходните енергетски проекти. Најбитниот филтер во однос на државната помош за нивна реализација согласно домашното и европското законодавство ќе го направи Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ), порачува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

-Било која европска земја кога дава државна помош тоа го одобрува Европската комисија, но ние затоа што не сме членка на ЕУ сме потписник на Договорот за основање на Секретаријатот на ЕЗ што е тело на ЕУ надлежно за енергетика. Токму оттаму ќе се изјаснат за државната помош во делот на инвестициите за енергетиката кај нас. Треба да сме релаксирани затоа што меѓународна институција ќе се изјасни и тоа мислење ќе биде задолжително за нас со што ќе се тргнат сите дилеми, посочи Бислимоски во интервју за ТВ Сител.

Во собранието, додаде, имаме четири договори за стратешки енергетски инвестиции од вкупно 850 мегавати за електрична и 100 мегавати за топлинска енергија.

-Со тоа заедно со досегашните инвестиции кои се направени од приватниот сектор од 600 мегавати од обновливи извори Македонија за помалку од една деценија  двојно ќе го зголеми производство што е практично јакнење на енергетската независност, оцени Бислимоски.

Во однос на цената за топлинска енергија што евентуално треба да ја испорачува еден од потенцијалните енергетски стратешки инвеститори доколку се реализира изградбата на когенеративната гасна електрана појасни дека во еден од анексите на договорите јасно стои дека цената за топлинската енергија ќе се пресметува согласно методологијата на РКЕ.

-Цената на топланите во Скопје е 5,2 денара, а на овие когенеративни постројки 2,5 денари. Тоа ќе се рефлектира со пониски сметки, истакна Бислимоски.вј/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан