• понеделник, 23 декември 2024

Био реизбран за претседател на Сиера Леоне

Био реизбран за претседател на Сиера Леоне

Фритаун, 27 јуни 2023 (МИА) – Претседателот на Сиера Леоне, Џулиус Маада Био на изборите што се одржаа на 24 јуни освои повеќе од 56 отсто од гласовите, соопшти Изборната комисија.

Био, кој има 59 години, се кандидираше за реизбор откако неговиот прв мандат беше обележан со растечко разочарување од економските тешкотии.

Неговиот противкандидат, 72-годишниот Самура Камара, кој беше блиску до победа на изборите во 2018 година, овој пат доби околу 41 отсто од гласовите.

Изборниот ден беше тензичен, со насилство и немири пред, за време и по гласањето. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан