• недела, 22 декември 2024

Биното: Јапонското ГП требаше да започне со безбедносното возило

Биното: Јапонското ГП требаше да започне со безбедносното возило
Маранело, 11 октомври 2022 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното, зборуваше за проблемите на тимот на стартот на Јапонското Гран при минатиот викенд во Сузука. - Ми се чини дека првото прашање е дали требаше да ја започнеме трката регуларно или зад безбедносното возило? Мислам дека тргнувањето зад безбедносното возило секако би било побезбедно, а безбедноста секогаш треба да биде во првите редови. Ова го велам затоа што повеќето од возачите беа на најбрзите „интемедија“ гуми и веднаш наидоа на проблеми и многу слаба видливост. Можеби стартот зад безбедносното возило ќе им дадеше барем неколку круга за да ја проценат ситуацијата. Ќе добиевме повратни информации од пилотите пред да започнеме со трката. Ова е клучната поента. Вториот проблем е секако кранот. Како што веќе рековме, појавата на кран на автопатот каде што возат автомобили е многу опасна. Ова не треба да се случува. Според мое мислење, ситуацијата треба да се среди и да се избегне повторување, рече Матија. Трката во Јапонија заврши со многу инциденти и излетувања од патеката поради дождот. Се извозија само 28 наместо предвидените 54 круга. Победи Макс Верстапен од Ред Бул и ја обезбеди шампионската титула. зс/

Остани поврзан